дома Европа Нема kpиза за Меркел: 15 000 евра пензија, канцеларија, асистенти и личен...

Нема kpиза за Меркел: 15 000 евра пензија, канцеларија, асистенти и личен возач ќе добие германската канцеларка по заминувањето од функцијата

Според проценките на Германската асоцијација на даночни обврзници, германската канцеларка Ангела Меркел, откако ќе се повлеќе од функцијата, ќе добива месечна пензија од речиси 15.000 евра.

Шеесет и седумгодишната Меркел ќе се пензионира по парламентарните избори во септември.

Пресметките се базираат на нејзиниот долг престој во Бундестагот, како и годините во кои била федерален министер и канцелар. Како и сите поранешни германски претседатели и канцелари, така и Меркел ќе има право на своја канцеларија кога ќе ја напушти функцијата.

Таа исто така ќе добие средства за менаџер на канцеларија, двајца асистенти, дактилограф и личен возач.