Ненормална работа…: Ја тепал и силувал малолетната невенчана сопруга на братучед

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот 31-годишен жител на Гостивар, на 27 јули, со употреба на сила и закана извршил обљуба врз девојка која во моментот на сторување на делото имала 17 години. Оштетената, инаку невенчана сопруга на братучед на обвинетиот, за цело време давала отпор и се обидувала да побегне, но тој со удари со бокс и влечење за коса ја принудил на полови дејствија, информираат од Обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This