дома Европа НЕОБИЧНА КАМПАЊА НА ПОРОШЕНКО: Нарачал билборди со слика од Путин!

НЕОБИЧНА КАМПАЊА НА ПОРОШЕНКО: Нарачал билборди со слика од Путин!

Претседателот на Украина, Петро Порошенко нарачал над 2.000 билборди на кои е прикажан лице в лице со рускиот претседател, Владимир Путин, за ликот на рускиот лидер да го искористи за неговите политички цели.

Под фотографијата напишано е „21 април, клучен избор. Изборот е ваш“, и дека ги нарачал кандидатот за украински претседател, Петро Порошенко во 2.104 примероци, пренесе руската новинска агенција „ТАСС“.

Инаку, во Украина е зaбpaнета употреба на фотографии на луѓе без нивна согласност, како и користење на фотографии на луѓе за време на кампањата кои не се украински државјани.

Во првиот круг од претседателските избори, Порошенко освои 15,95 проценти од гласовите, додека комичарот, Владимир Зеленски освои 30,24 проценти од гласовите.