дома Политика НЕОДГОВОРНИ ПОЛИТИЧАРИ СЕ ПРИЧИНА ЗА КРИЗАТА: Единствена стабилна институција во државата е...

НЕОДГОВОРНИ ПОЛИТИЧАРИ СЕ ПРИЧИНА ЗА КРИЗАТА: Единствена стабилна институција во државата е Претседателот на Р.Македонија!

Политичката ситуацијата во нашата земја е многу чудна, а тоа е резултат на недговорното однесување на политичките партии. Единствена стабилна институција во државата е претседателот на РМ. Доколку во блиска иднина не се формира влада, решение треба да се бара во нови избори, посочи лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Тој рече дека неговата партија е на вистинскиот пат, дека е добро етаблирана, но и најголема и најхрабра меѓу малите партии.

На второто собрание на ГРОМ Стевчо Јакимовски беше реизбран за претседател на партијата. Во своето обраќање пред членовите и највисоките органи на партијата тој им се заблагодари на сите за нивниот придонес оваа партија да стане трета во македонскиот блок.