дома Свет НЕОНАЦИСТИТЕ ОД „АЗОВ“ ВРБУВААТ ЛУЃЕ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Украинскиот нео-нацистички полк...

НЕОНАЦИСТИТЕ ОД „АЗОВ“ ВРБУВААТ ЛУЃЕ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Украинскиот нео-нацистички полк врбуваат луѓе во Европа, Бразил и САД!

Украинските нео-нацисти од полкот „Азов“ инаку поддржан од западните сили, кој е дел од составот на Министерството за внатрешни работи на Украина, се уапсени во Бразил поради врбување и агитација меѓу населението, пренесуваат руските и американските медиуми

Оваа информација се појави уште во декември минатата година, но украинските медиуми оваа информација ја нарекоа измислица на руските новинари. Веста ја потврди и американскиот весник „Фајненшл Тајмс“. Во текстот се наоѓа интервју со инспектор од бразилската полиција кој неодамна ја водел специјалната операција за апсење на украинските агитатори. Кај еден од припадниците на полкот Азов во Бразил е пронајдено и огнено оружје

Информацијата за агитаторите од Украина кои врбуваат Бразилци за војна во Украина, прв ја објави портпаролот на Народната милиција на ЛНР Андреј Марочко уште во декември минатата година. Според неговите зборови, агитатотирите на украинскиот националистички батаљон и полк го рашириле своето делување во Европа, САД и Бразил.

Во бразилската држава Рио Гранде де Сул, полицијата задржала група украински и локални неонацисти кои се спремале да тргнат на пат кон Донбас.