дома Балкан Неопходно е Ватикан да го признае Косово, вели Харадинај

Неопходно е Ватикан да го признае Косово, вели Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај за време на официјалната посета на Ватикан оцени дека е неопходно Светата столица да ја признае незавиноста на Косово.

„Косово е посветено на унапредување на односите со Ватикан и признавањето на државноста на Косово е неопходен чекор“, изјави Харадинај за време на средбата со секретарот на Ватикан, кардиналот Пjетро Паролини.

Харадинај и Паролини разговараа за достигнувањата на Косово, за политичкиот и демократскиот аспект, за положбата на Косово во однос на земјите од регионот. Премиерот на Косово изјави дека верските слободи и евроатланската ориентација на Косово се вредности кои треба да се промовираат во односите меѓу двете земји. Паролини ги повика жителите на Косово на мир, помирување и просперитет со соседните земји на нивниот пат кон евроатланските интеграции.