дома Македонија НЕОФИЦИЈАЛНО: Бројката на заразени денеска под 100

НЕОФИЦИЈАЛНО: Бројката на заразени денеска под 100

Денеска бројот на новозаразени е под 100, велат од Комисијата за заразни болести, не прецизирајќи ја точната бројка додека не стигнат официјалните резултати од Институтот за јавно здравје.

-Денеска ја чекаме сите одлуката на Владата за повторно воведување на полицискиот час, во сите општини кои за сега претставуваат жариште на корона вирусот. Ние нема да отстапиме од нашите препораки, макар и целата ситуација да се оддолжи, велат за Фактор од Комисијата за заразни болести.

Истовремено, директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р. Милена Стефановиќ во гостување на ТВ-Алфа, вели дека е загрижена поради актуелната состојба со корона вирусот во земјава.

-Јас сум клиничар и нормално е дека ме плаши новиот број на заразени и тешко болни, тоа повлекува потреба од здравствен целокупен систем на лекари, помошен персонал и простор. Се треба да биде педантно за пациентите, истакна д-р. Стефановиќ.