дома Актуелно Неофицијално: Ковачевски е новиот претседател на СДСМ

Неофицијално: Ковачевски е новиот претседател на СДСМ

Денес во СДСМ се одржа избор на претседател на партијата. Во трка беа тројца кандидати Јован Деспотовски, Димитар Ковачевски и Фросина Ременски, за кои се гласаше на непосредни избори.

Неофицијално, новиот претседател на СДСМ е Димитар Ковачевски, поранешен министер за финансии.
Во стабот нема преголема раздвизеност, сѐ уште се носат гласачки материјали.

Ковачевски веќе пристигна во партиското седиште, а останатите кандидати, Ременски и Деспотовски сѐ уште не се тука.

На овие избори за претседател на СДСМ гласаа околу 20 000 членови помалку од претходните избори.