дома Македонија Неофицијално најголем дел од жртвите се од Скопје, Струмица, Битола и Велес

Неофицијално најголем дел од жртвите се од Скопје, Струмица, Битола и Велес

Жртвите од тешката сообраќајна несреќа, што се случи ноќеска во Бугарија, се од Скопје, Струмица, Битола и Велес, пишува бугарскиот портал btvnovinite.bg. Од овие градови била организирана екскурзијата.

Во сообраќајната нерсеќа загинати се 46 патници, а седум успеале да се спасат. 17годишното девојче и шест возрасни патници се примени во болница во Софија и се надвор од животна опасност, пренесуваат бугарските медиуми.