дома Социјални Мрежи Неофицијално уапceно лицето кое ја објави снимката од пожapот – MBP демaнтиpa:...

Неофицијално уапceно лицето кое ја објави снимката од пожapот – MBP демaнтиpa: Фуpкан се coмнева дека се работи на заташkyвање на случајот со тpaгедијата во Тетово

Новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу кој беше помеѓу првите новинари кои го споделија видеото од пожарот во тетовската модуларна болница во кој починаа 14 лица сега со нови детали од истрагата.

Според негови информации лицето кое го објавило видеото било уапсено, а никој не е повикан во обвинителството да даде изјава.

-50 часа откако се случи трагичниот настан во Тетово, ниту едно лице не е повикано во обвинителство.

Според неофицијални инфо, лицето кое го објави видеото од сигурносните камери е уапсено.

Ако овие факти не се доволни за да докажат дека обвинителството не работи за да го расчисти случајот туку да прекрие докази, тогаш сите ние сме лудаци, пишува Салиу.

Инфомакс побара одговори од МВР дали е уапceно лицето кое го објави видеото од безбедносните камери на тетовската болница на социјалната мрежа ТИК ТОК, оттаму демантираат дека лицето е уапсено, а се уште чекаме одговор дали се трага по истото.