дома Хроника НЕПОЗНАТА ЖЕНА ИЗВАДЕНА ОД ВОДИТЕ НА ВАРДАР ВО ГОРНИ ПОЛОГ: Случајни мунувачи...

НЕПОЗНАТА ЖЕНА ИЗВАДЕНА ОД ВОДИТЕ НА ВАРДАР ВО ГОРНИ ПОЛОГ: Случајни мунувачи извлекле женско лице во водите на реката Вардар

Денес околу 10:30 часот, случајни мунувачи извлекле женско лице во водите на реката Вардар, во непосредна близина на мостот кај поранешната кланица кај Горни Полог во Гостивар, потврдуваат за „Република“ од СВР Тетово.

Случајот кај нив бил веднаш пријавен од страна граѓанката која се пронашла на местото. Веднаш интервенирала екипа на Брзата помош и жената била пренесена во гостиварската болница, каде лекарите констатирале смpт.

Како што известуваат од СВР Тетово за „Република“, идентитетот на пoчинaтaтa жена сè уште е непознат, но се работи за жена на возраст од 70-80 години.

Во моментот треба да започне увид на Јавен обвинител и полициски екипи, по што ќе се знаат повеќе детали.