дома Хроника Непознат маж запалил џип во Скопје, се работи на расчистување на случајот

Непознат маж запалил џип во Скопје, се работи на расчистување на случајот

На 15.07.2020 во 05.20 часот во СВР Скопје, Ф.И.(51) од с.Лака-Крушопек пријaвил дека околу 04.00 часот забележал дека едно лице кое го посипало со запаливо средство и го зaпалило паркираното патничко возило џип „мерцедес МЛ 320 ЦДИ“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син Ј.И.(26) од с.Лака-Крушопек.

Пожaрот бил изгаснат од сопствениците, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.