дома Македонија НЕПОТИЗМОТ ЦАРУВА: МВР, Фонд за иновации, РЕК Битола и уште 4 други...

НЕПОТИЗМОТ ЦАРУВА: МВР, Фонд за иновации, РЕК Битола и уште 4 други институции не доставиле документи до Антикopyпциска

МВР се уште не испратило документи до Државната комисија за спречување кopyпција за да утврди дали има непотизам во вработувањето на сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ. Нема документи ни од Агенција за супервизија за вработувањето на синот на пратеникот Горан Мисовски. Од Антикopyпциска за Алфа велат дека се уште нема документи и за сопругата на градоначалникот на Берово, Звонко Пежевски вработена во училиштето Дедо Иљо Малешевски.

Документи фалат и за вработувањето на сопругата на градоначалникот на Неготино, Тони Делков, како и од Фондот за иновации кои треба да испратат документација како е вработена ќерката на пратеничката Емилија Александрова . Антикopyпциска чека податоци и од РЕК Битола за вработувањето на братот на пратеничката Мира Стојчевска. Од Антикopyпциска за Алфа потврдија дека за останатите случаи кои беа дел од првата тура на оформени предмети по допрен глас, односно 18 случаи за потенцијален непотизам или судир на интереси , установите до Државната комисија за спречување кopyпција ги испратиле потребните документи. Во првите предмети кои ќе ги “челша” Антикopyпциска се и ЕЛЕМ,МЕПСО,ЦРМ Струмица, кои на два дена пред истек на рокот се сетија да ги пратат материјалите до антикopyпционерите.

Доколку институциите до крајот на неделава не ги достават документите, според претседателката на комисијата, установите ќе добијат прекршочна пријава.

Неколку денови откако се објавија 18те случаи за потенцијални роднинско- пријателски вработувања, Антикopyпциска оформи уште нови 40тина предмети каде ќе се истражува за евентуален непотизам.

И по објавување на скандалите со непотизам, бројката на откази на роднините или пријатели на државните фукнционери се уште не се знае. Министерот за јавна администрација Манчевски вели не ја знаел бројката, но очекувал таа да расте.