дома Актуелно НЕРВОЗА ВО СДСМ И КАЈ ЗАЕВ: Неколкукратно помалку народ на митингот на...

НЕРВОЗА ВО СДСМ И КАЈ ЗАЕВ: Неколкукратно помалку народ на митингот на СДСМ од минатата година!

Помал број на лица беа присустни на митингот кој вечерва СДСМ го одржа во Скопје во споредба со митингот кој опозициската партија го одржа лани на 17 мај, е првиот и очигледен впечаток кој се забележува.

Ниту оптичките игри кои ги направил организаторот, пред се поместување на бината за неколку метри напред во споредба со ланскиот нивен митинг како и големата празнина помеѓу бината и првиот ред од присутните не можат да го скријат впечатокот за недоволната бројка на присутни на денешниот митинг.

Исто така во публиката се присутни празнини и дупки па затоа СДСМ осветлуваше само дел од присутните кои се понапред, а другиот дел од улицата е неосветлен со цел да се прикрие слабата посетеност.

Очигледна е и нервозата на раководството на СДСМ кои незадоволни од посетеноста демонстрираат паника и се трудат со гласни извици да го прикријат своето незадоволство.

Ниту притисоците кои СДСМ ги правеше врз вработените во општините Струмица и Куманово каде што ја имаат локалната власт и автобусите од внатрешноста не придонесоа за значителна посетеност на која се надеваа во СДСМ.

На митингот се забележуваа албански знамиња, а имаше и албански песни, транспаренти со натпис „Арачиново е со тебе“ и слични што е на линија на заложбите на Заев за воведување на двојазичност и редефинирање на државата.

Тоа е главната причина за слабата посетеност велат упатените, Македонците не се согласуваат со штетните политики на Заев и неговите обиди за продажба на националните и државните интереси.