дома Временска Прогноза НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ: Прогнозата за денеска најавува пороен дожд и грмежи

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ: Прогнозата за денеска најавува пороен дожд и грмежи

Дури од среда може да се очекува стабилност на времето кое деновиве е претежно нестабилно со дождови.

Ова станува јасно од најавената временска прогноза која и денеска не ветува баш добро време.

Локален пороен дожд и грмежи ќе ги зафатат претежно западните и јужните делови на земјава.

Максималната дневна температура ќе достигне 19 степени.

Нестабилното време ќе надвисне и над Скопје каде се очекува максимална дневна температура до 17 степени.

Викендов нема да биде погоден за надвор ако не сте баш љубители на дождот.