дома Спорт НЕСТОР-ГОЛ ЌЕ „ТРЕСЕ“ МРЕЖИ ЗА УДИНЕЗЕ: Илија Несторовски официјално потпиша за тимот...

НЕСТОР-ГОЛ ЌЕ „ТРЕСЕ“ МРЕЖИ ЗА УДИНЕЗЕ: Илија Несторовски официјално потпиша за тимот на Удинезе

Удинезе потврди дека од денеска во својот ростер на фудбалери го има и нашиот Илија Несторовски.

„Удинезе сака да соопшти дека потпиша тригодишен договор со Илија Несторовски со опција за продолжување и за четврта“ – гласеше известувањето на клубот од Фриуили.

„Несторовски веќе покажа дека умее да постигнува голови во Серија А. Го одбра Удинесе и покрај тоа што имаше неколку значајни понуди, па треба да му се заблагодариме“  рече техничкиот директор на клубот, Пиерпаоло Марино.

Несторовски во Удинезе пристигна како слободен играч бидејќи Палермо беше исфрлен во Серија Д и сите играчи на сицилијанскиот клуб добија раскин на договорите.