дома Свет Нетанјаху по гpeшка ѝ се заблагодари на БиХ за поддршката, Џаферовиќ му...

Нетанјаху по гpeшка ѝ се заблагодари на БиХ за поддршката, Џаферовиќ му порача дека не поддржуваат yбиcтвото на нeвини цивили

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се заблагодари на владите на голем број земји ширум светот за поддршката што ја покажаа на неговата земја во конфликтот со Хамас, вклучувајќи ја и Босна и Херцеговина.

Сепак, членот на претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, во тоа соопштение рече дека Босна и Херцеговина не го поддржува Израел, пренесува порталот Кликс.

Нетанјаху напиша на Твитер: „Ви благодарам што сте цврсто со Израел и што го поддржавте нашето право на самоодбрана од терористички напади“.

Заедно со пораката, тој постави знамиња на 25 земји, вклучувајќи го и знамето на Босна и Херцеговина.

Како одговор, членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, рече дека Босна и Херцеговина не го поддржува и не може, како што рече, „убиството на невини цивили во Газа од израелските воени сили“.

Џаферовиќ исто така го повика израелскиот премиер да престане со несразмерните напади врз Газа и да даде свој придонес со цел да се воспостави мир.

Во израелско-палестинските конфликти, Босна и Херцеговина немаше заеднички официјален став.

Бошњачки политичари го осудија насилството врз Палестинците, додека Република Српска го поддржуваше Израел.

Додека јавните згради во Сараево беа осветлени со боите на палестинското знаме синоќа, во Бања Лука, Палатата на Република Српска беше осветлена со боите на израелското знаме, јави Танјуг.