дома Занимливости “Нетфликс” ги освои највредните статуетки на овогодинешните “Еми” награди

“Нетфликс” ги освои највредните статуетки на овогодинешните “Еми” награди

„Нетфликс“ ги освои највредните статуетки на овогодишните „Еми“ награди. Меѓу нив, британската серија за кралското сeмејство „Круна“ (The Crown) е прогласена за најдобра драма, а „Гамбит на кралицата“ (Queen’s Gambit) е најдобра мини-серија.

И двете ТВ-серии освоија по 11 награди.

Серијата „Тед Ласо“ ги собра одличјата за најдобра комична серија, најдобар главен глумец во комична серија (Џејсон Судејкис), како и женска и машка споредна улога (Хана Вадингам и Брет Голдстејн). ТВ-серијата на стрим-платформата „Епл ТВ плус“ освои вкупно седум „Еми“ статуетки.

Оливија Колман и Џош О’Конор од „Круна“ ги освоија телевизиски драмски награди за главни улоги. Колман и О’Конор ги глумеа кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс.

Кејт Винслет е прогласена за најдобра актерка, за мини-серијата „Кобилата од Исттаун“ (Mare of Easttown), а Јуан Мекгрегор победи со улогата на моден дизајнер во „Халстон“.