дома Македонија НЕ БИЛЕ CKAРАНИ: Пендаровски објасни зошто Димитров не се појавува на неговите...

НЕ БИЛЕ CKAРАНИ: Пендаровски објасни зошто Димитров не се појавува на неговите митинзи!

Министерот за надворешни работи Никола Димитров синоќа во студиото на 1ТВ ги разјасни медиумските шпекулации дека тој и Пендаровски се ckaрани и дека тој е лyт затоа што не ја добил претcедателската кандидатура, а Пендаровски затоа го иckaрал.

Димитров рече дека не добил никакви забелешки од Стево Пендаровски дека не му дава поддршка во предизборната кампања за претседател на Македонија, туку дека се тоа е повеќе медиумска претпоставка, односно медиумски интерес.

Ние на некој начин сме во комплементарност. Тој зборува за НАТО и за почеток на преговорите со Европската Унија, а јас тоа го работам. Ние сме комплементарни во неговата визија и мојот фокус на она што го работам во овој период, истакна шефот на македонската дипломатија.

До митингот во Куманово на петнаесеттиот ден од изборната кампања Никола Димитров се немаше појавено на митинзите на Пендаровски.