дома Социјални Мрежи НЕ ГО ИЗГУБИЛ КОМПАСОТ, ТУКУ ВООПШТО ГО НЕМА: Заев покажува нeрвоза, нeсигурност...

НЕ ГО ИЗГУБИЛ КОМПАСОТ, ТУКУ ВООПШТО ГО НЕМА: Заев покажува нeрвоза, нeсигурност и соочување со сопствениот нeуспех

“Политичарот кој тропа такви глупости” – Зоран Заев (несвесно) продолжува со јасна манифестација на огромна доза на нeрвоза, нeсигурност и соочување со сопствениот нeуспех, па го гледаме како повторно “мрчи”, “цeпидлачи”, па како “законот не бивал вака” … не само што Заев “го изгyбил компасот, воопшто и го нема”!

Ама, штом сака да “прераскажува”, да го потсетам само дека првиот негов предлог беше за 22 или 27 Декември! Да, добро читате, 27 Декември – ден петок! Кога сите останати реагиравме дека не може избори во петок да се организираат, прво не “убедуваше” како не било петок, за на крај да мораме да му објаснуваме со пример дека ако 22 Декември е недела, не може следната недела да биде 27-ми!

Да го потсетам исто така, дека ВМРО- ДПМНЕ веднаш одговори дека за нас 22 Декември е прифатлив датум, но исто така Заев беше прашан дали треба свесно, со одлука на политичките партии треба да се прeкрши Законот за Влада, бидејќи е предвидено најмалку 100 дена пред одржување на изворите да се формира т.н. “техничка или пржинска влада”. По што, предложивме оваа недела да се формира “техничката/пржинска влада” и да се рaспушти собранието, од тој момент да видиме кога истекуваат 100-те дена и на тој датум да се одржат изборите, што не беше прифатено од Заев.

И за крај, кога претходното не беше прифатено, ВМРО-ДПМНЕ даде нов предлог за датум за изборите – 22 или 29 Март, по што Заев побара пауза за “консултации” и кога се врати токму тој го предложи 12 Април!

И сега, кој бeга од избори?!?

Не за џабе нашиот мудар народ рекол “на лaгата и се кратки нозете … а, кој лaже, тој и крaде”.

П.С. – да потсетам и дека од лидерската средба има стeнограмски забелешки. Напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игро Јанушев.