По повод кампањата која СДС, заедно со соросовите организации и НВО финансирани од УСАИД со цел стигматизирање на традиционалното семејство, и наметнување на хомосексуалните бракови, коментираше и пратеникот Антонио Милошоски
Оставете ги семејството и бракот на мира! 🇲🇰
• Прво почнавте со Шиндре, промовирање на педофилија на настан организиран од Министерот за Култура.
• После (не)случајно Бранко (ДУИ) предложи легализација на хомосексуални бракови.
• Продолжи Ивана Туфекџиќ (СДСМ) со став дека хомосексуалните парови треба да посвојуваат и деца.
• Па се јави Боки13 дека ќе поднел барање до неговата пријателка Министерка (Мила СДСМ) за посвојување на 3 деца.
Колеги од СДСМ, водете политика, водете држава, но оставете го класичното природното семејство на мира. Народот е тивок, но знајте дека Македонците, и Албанците, и Турците, и Србите, и Ромите, би направиле се да си ги заштитат семејствата. Да не го ослабуваме општеството таму каде што е силно!