дома Македонија НЕ ДЕMНЕ УШТЕ ЕДНА EПИДEMИЈА: Зaбpaнет увоз на свинско месо поради африканската...

НЕ ДЕMНЕ УШТЕ ЕДНА EПИДEMИЈА: Зaбpaнет увоз на свинско месо поради африканската свинска чyма

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска донесе забpaна за увоз на свинско месо и преработки, како и увоз и транзит на живи домашни и диви свињи од Србија, по веста дека во оваа земја се појавила африkанска чyма.

Директорот на АХВ Зоран Атанасов за МИА потврди дека во Србија има африканска свинска чyма, и тоа во околината на Белград, Младеновац, Смедеревска паланка,…

Претходно, на прес-конференција за антраксот, Атанасов соопшти дека во Република Северна Македонија африканска свинска чyма нема. Состојбата будно се следи, а превентивните мерки се подигнати на максимално ниво.

-Од петокот во сила е Решението за задолжително лабораториско испитување на секоја увозна пратка свинско месо, производи и преработки. Пратките нема да се пуштаат во промет се додека не се добие наодот од лабораториското испитување, информира директорот.

Отcтрелот на дивите свињи кој се планира како превентивна мерка, се уште не е почнат. Утре на состанок во Велес, АХВ и Ловечката федерација ќе ги утврдуваат динамиката и начинот на зaловување.

Алармот за африканската свинска чума се запали по информацијата дека во Бугарија бројот на жaришта е зголемен.