дома Политика НЕ Е ОВА ПАРТИЗАЦИЈА, ГЛЕДАЈТЕ ВО СМЕТКИТЕ: Партискиот војник Цветанка Иванова избрана...

НЕ Е ОВА ПАРТИЗАЦИЈА, ГЛЕДАЈТЕ ВО СМЕТКИТЕ: Партискиот војник Цветанка Иванова избрана за ген.сек на Собранието!

Без никакви квалификации, класичен партиски војник и човек од доверба на Заев, Цветанка Иванова е избрана за нов генерален  секретар на Собранието. Денеска официјално Иванова е на новата функција.

Иванова на јавноста и е позната по бизнис врските со кланот Заеви, која се јавува како чест добитник на тендерите во општина Струмица. Имено, фирмата „Дикор“ која е во сопственост на синот на пратеничката Цветанка Иванова, Зоран Иванов и нејзиниот сопруг Констадин Дине Иванов е редовно ангажирана како подизведувач за асфалтирање на улици во Општина Струмица.

Медиумите во 2010 година пишуваа и дека, синот на Цветанка Иванова, Зоран Иванов, како близок бизнис пајташ на Зоран Заев преку фирмата „Омни Градба“ градел и станбено ексклузивен комплекс во близина на семејната куќа на семејството Иванови.

Цветанка Иванова во јавноста остана запаметена по случајот напад врз полициски службеници во Собранието, кога во 2010 година физички ги нападна полициските службеници кои беа дел од обезбедувањето во Собранието во Република Македонија. Дали и сега Иванова ќе се пресметува со полициските службеници од позиција на втор човек во Парламентот или можеби сега на тапет ќе бидат и други.