дома Македонија Не знаеле дека ќе дојдат „Шверцери“, мало сутра: Настанот бил најавен ...

Не знаеле дека ќе дојдат „Шверцери“, мало сутра: Настанот бил најавен на Фејбсук, а на готовс биле и 150 припадници на ЕБР

Откако ситуацијата со прославата на „Шверцери“  во Македонскиот народен театар нагло ескалираше, а граѓаните се гневни на дивеењето на навивачката група во оваа културна институција, речиси сите засегнати страни со демант во медиумите пробаа да се оправдаат и да си ја префрлат вината.

Директорката на МНТ Симона Угриновска вели дека настанот не бил најаве во такви рамки туку како дел од прославата за „Денот на албанската азбука“.

– Вториот настан, не ни беше најавен дека ќе биде во такви рамки. Беше најавено дека ќе има проекција на документарец, по истиот повод – Денот на албанската азбука. Ние не знаевме до последен момент ниту дека документарецот не е во контекст на одбележување на Денот, туку дека е сосема друга темата и воопшто не знаевме дека се повикани навивачи на фудбалски клуб, нагласи Угриновска.

И премиерот Зоран Заев се огласи по демолирањето на МНТ од страна на „Шверцерите”, на прославата во петокот.

– „Секој вандалски чин е за осудување, тука нема дилеми. Јас бев информиран дека учествувам во првиот дел на активностите, а тоа е делот на одбележувањето на Денот на албанската азбука, без присутен таму, останав дури малку и на коктелот и заминавме. Ми кажаа дека има втор дел, за млади. Вториот дел не била толку културна манифестација. Треба да понесат одговорност одговорните луѓе за таа работа”, вели премиерот.

Но повеќе од очигледно е дека Заев и Угриновска лажат, тие знаеле за каков настан се работи и можеле да претпостават што може да се случи со оглед на тоа што настанот на Фејсбук бил промовиран една недела порано.

Дента според извори во МВР, специјалците биле на готовс токму поради настанот на „Шверцерите“. Најмалку 150 припадници на ЕБР со полна опрема биле испратени на лице место уште во 16:30 часот и таму биле стационирани до 24:00 часот. На лице место дополнително биле испратени уште 30 припадници на единицата Алфа, а биле ангажирани и две оклопни возила, а од страна на специјалците биле задолжени и хемиски средства за секој случај.