дома Занимливости НЕ КРИЈАМ ДЕКА СУМ ВО ВРСКА: Ирена Спировска го покажа партнерот!

НЕ КРИЈАМ ДЕКА СУМ ВО ВРСКА: Ирена Спировска го покажа партнерот!

Една од нашите најубави и најангажирани водителки Ирена Спировска е среќно вљубена. Спировска неодамна во друштво на својот партнер се појави на модна ревија на домашен дизајнер, пренесува „1ТВ“. Според информациите на телевизијата, Спировска и партнерот за кој велат дека е од Велес се држеле за рака за време на ревијата, што е забележано на фотографијата.

Спировска е позната како личност која не го експонира својот приватен живот.

„ Ова не е ништо ново. Во врска сум, што е сосема нормално. Да сакав да го сокријам својот партнер, немаше да се појавам на јавно место со него. Никогаш не сум зборувала за својот приватен живот, затоа и се вика приватен“, изјави Ирена за Женски магазин.
Таа е препознатливо лице од тв екраните, која зад себе има успешна 25 годишна кариера. Ирена Спировска е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани и е синоним за успешна, но и негувана и убава жена. Приватно најголема радост ѝ е ќерката Зорица, а е и активен член на НВО „Борка“.