дома Занимливости НЕ МОЖЕЛА ДА ПОВЕРУВА ШТО ВООЧИЛ НЕЈЗИНИОТ СИН НА “ТОБЛЕРОНЕ”.Вниманието му го...

НЕ МОЖЕЛА ДА ПОВЕРУВА ШТО ВООЧИЛ НЕЈЗИНИОТ СИН НА “ТОБЛЕРОНЕ”.Вниманието му го привлекла скриена слика! – ?

Една корисничка на Твитер останала во шok кога нејзиниот син ѝ покажал што воочил на чоколадото “Тоблероне”.

Стефани на својот 9-годишен син, за празниците помеѓу другото му подарила и чоколадо “Тоблероне” кое малечкиот никогаш претходно не го пробал. Меѓутоа, вниманието не му го одвлекло само вкусот на чоколадото туку и скриената слика кој тој ја воочил во логото.

Имено, детето забележало дека на логото на пакувањето, покрај планината се гледа и мечка која е подигната на две нозе.

“Мојот син денеска за прв пат проба “Тоблероне” и ме праша зошто има мечка на него. Јас: “Која мечка?”. Денеска за прв пат дознав дека постои мечка на пакувањето на “Тоблероне”, напишала таа на Твитер, а потоа направила и мало истражување во кое дознала дека чоколадото потекнува од швајцарскиот Берн, познат и како град на мечките.

Нејзината објава поттикнала расправа на “Twitter”, а многумина признале дека иако со години уживаат во тоа чоколадо, никогаш не ја воочиле скриената слика на амбалажата.

Домашно тоблероне – „прсти да излижеш“!

Состојки

200 g чоколада за готвење

150 g маргарин

200 g шеќер

2 лажици мед

1 dl млеко

100 g сечкани лешници

100 g сечкани бадеми

150 g мелени бисквити

За глазурата:

100 g чоколадо за готвење и 3 лажци масло

Подготовка:

Стопете ги маргаринот, чоколадото, медот, шеќерот и измешајте ги со млекото. Кога смесата ќе се соедини, додадете ги лешниците, бадемите и бисквитите. Смесата ставете ја во триаголен калап, но претходно ставете фолија во калапот за да можете полесно да го извадите колачот кога ќе се стегне.

Откако ќе се стегне убаво во фрижидер, извадете го и премачкајте го колачот со глазурата и вратете го во фрижидер.

Откако ќе се стегне и глазурата, ужвајте во неповторливиот вкус на домашното тоблероне.