дома Магазин НЕ МОЖЕЛ ДА ИМ ПОВЕРУВА НА ОЧИТЕ:Го сопрела полиција за брзо возење:...

НЕ МОЖЕЛ ДА ИМ ПОВЕРУВА НА ОЧИТЕ:Го сопрела полиција за брзо возење: Возел 696 км/час!

Белгиски државјанин речиси се онесвестил од изненадување, откако по пошта добил уплатница за парична казна за возење со 696 километри на час со неговиот Опел Астра.

Мажот, на возраст од околу 30 години, не можел да им поверува на очите откако прочитал дека паричната казна се однесува за брзо возење од над 690 километри на час, што било откриено од радар на полицијата во општина Киеврен, во близина на границата со Франција.

Всушност грешката се должела на неправилно внесен код од страна на полицијата, бидејќи тој се движел со 60 к /ч наместо дозволените 50.