Не може да препишуваме од Шведска и да се силувaaт paботи: Пендаровски вели дека Македонија не е спpeмна за родител 1, родител 2

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонското општество нема капацитет да прифати такво нешто истакна претседателот Стево Пендаровски на денешниот брифинт за новинарите говорејќи за шпекулациите дека ќе се менуваат термините мајка и татко со родител 1 и родител 2.

Тој истакна дека до ниту една институција не е поднесено такво барање за преименување на мајка и татко во родител 1 и родител 2.

-Ние ја имаме ратификувано Истанбулската конвенција. Во Истанбулската конвенција нема такви работи. Таков предлог (родител 1 и 2) нема до сега поднесено до ни една институција. Македонското општество нема капацитет да прифати такво нешто, вели Пендаровски.

Tој потенцираше дека не може да се препишуваат работи од други држави и веднаш да се применуваат посочувајќи дека ниту ЛГБТИ заедницата не го бара тоа.

-Можеби за 10-20 години, не може да се силуваат некои работи, да се препише само од Шведска и да тераме. ЛГБТи заедницата не го бараат тоа. Браат нешто друго. Бараат основни работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This