дома Русија НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА МОЖЕ ДА И НАПРАВИ ПРОБЛЕМ НА РУСИЈА: Путин...

НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА МОЖЕ ДА И НАПРАВИ ПРОБЛЕМ НА РУСИЈА: Путин сигурен во надмоќта на Руската Федерација!

Никој не може на Русија да и создаде такви проблеми кои се невозможни за решавање, изјавил Рускиот претседател Владимир Путин

 

Тој на традиционалниот прием во Кремљ во чест на Нова Година, оценил дека е најважно во тоа светло сите да работат исклучително успешно. Путин додаде дека успесите во голема мерка се заслуга на овие раководители кои присуствуваат на приемот во Кремљ, како и нивните тимови.

„Секако, тоа е резултат на нашиот народ“, рекол тој и додава дека оваа година била значително потешка од претходната, особено во доменот на социо-економските прашања. Рускиот претседател притоа изговори здравица за Русија и рускиот народ и на сите им посака успех во новата година. Поради авионската несреќа во близина на Сочи, Путин го измени традиционалниот формат на одржување на приемот во Кремљ, со тоа што поголем акцент му даде на деловниот аспект.