March 28, 2024, 11:59 pm

Не прекинува прогонот врз Асанж – Бајден продолжува со барање екстрадиција на Асанж

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Администрацијата на Бајден планира да продолжи да бара екстрадиција на Асанж на Викиликс, најавуваат високи претставници од Белата Куќа.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден планира да продолжи да се обидува да го испорача основачот на Викиликс Џулијан Асанж од Велика Британија во САД за да се соочи со обвиненија за хакерски заговор, соопшти дополнително Министерството за правда на САД.

Портпаролот на Министерството за правда Марк Раимонди во вчера изјави дека американската влада ќе продолжи да ја оспорува пресудата на британскиот судија минатиот месец дека Асанж не треба да биде екстрадиран во САД поради ризикот да се самоубие.

Во пресудата на 4 јануари, судијката Ванеса Барајтсер рече: „Откривам дека менталната состојба на г-дин Асанж е таква што би било угнетувачко да го екстрадираме во Соединетите Американски Држави“.

Британскиот судија го постави петокот како краен рок на Соединетите држави да се жалат на нејзината одлука за забрана за екстрадиција на Асанж. Раимонди рече дека Соединетите држави ќе ја оспорат пресудата. „Ние продолжуваме да бараме негова екстрадиција“.

Викиликс привлече бес од американската влада откако објави илјадници страници на некогаш тајни извештаи и документи генерирани од американските воени и разузнавачки агенции, вклучувајќи детални описи на хакерските способности на ЦИА. Викиликс објави и е-пошта хакирани од кампањата на демократот Хилари Клинтон во 2016 година и клучен советник, што според Клинтон и некои нејзини приврзаници е фактор во нејзиниот изборен пораз од републиканецот Доналд Трамп.

Дебатата за можните потези на Американците за барање за екстрадиција на Асанж од Велика Британија првпат се појави пред скоро една деценија кога Барак Обама беше претседател и eо Бајден како негов потпретседател.

Министерството за правда на Обама одлучи да не бара екстрадиција на Асанж со образложение дека она што го сторија Асанж и Викиликс е премногу слично на новинарските активности заштитени со Првиот амандман на Уставот на САД.

Официјални претставници на администрацијата на Трамп ги засилија јавните критики кон Асанж и Викиликс само неколку недели по стапувањето на должноста во јануари 2017 година и потоа поднесоа серија се пожестоки кривични пријави, обвинувајќи го Асанж за учество во хакерски заговор.

Приврзаниците на Асанж првично ја притискаа администрацијата на Бајден да се повлече обвинението против него во текот на првите 100 дена на Бајден во Белата куќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This