дома Занимливости НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Тридневен метеорски дожд ќе започне утре

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Тридневен метеорски дожд ќе започне утре

Метероскиот дожд на „персеидите“ оваа година ќе може да се забележи во ноќите помеѓу 11 и 13 август, пишува британски Express.

За време на најфреквентните моменти на дождот, НАСА очекува до 60 метеори на час кои ќе прелетаат низ ноќното небо.

За жaл за оние кои ќе сакаат да го набљудуваат метеорскиот дожд, присуството на речиси полна месечина во овие ноќи може да го попpечи нивното искуство.

„Персеидите“ се исто така познати по тоа што произведуваат многу интензивни огнени топки, со што метеорскиот дожд е настан што вреди да се проследи.