Не распоредуваме нуклеарни ракети во Европа – НАТО демантира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАТО не планира да распореди нуклеарни ракети со среден дострел во Европа, соопшти во вторникот западната воена алијанса, отфрлајќи ги руските обвинувања и повикот на Москва за мораториум на овој вид оружје во Европа.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави за новинарите во Брисел дека самата Русија со години го прекршувала пропаднатиот договор ИНФ со распоредување на нови ракети со среден дострел во Европа, додавајќи дека НАТО нема цел да го отслика однесувањето на Москва.

„Предлогот од Русија за мораториум не е веродостоен бидејќи имавме забрана и тие ја прекршија таа забрана“, рече Столтенберг.

„Значи, освен ако Русија на проверлив начин не ги уништи сите свои ракети SSC-8, кои се оние проектили што го прекршиле договорот INF, тогаш не е веродостојно кога тие сега предлагаат забрана за нешто што всушност веќе почнале да го распоредуваат.

Столтенберг мислеше на договорот ИНФ од 1987 година меѓу тогашниот советски водач Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган, кој забрани нуклеарно оружје со среден дострел од 500 до 5.500 километри во Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This