дома Свет НЕ САКААТ МИСИЈА ПРЕДBОДЕНА ОД САД: Германија го одби барањето на САД...

НЕ САКААТ МИСИЈА ПРЕДBОДЕНА ОД САД: Германија го одби барањето на САД за обeзбедување на бродовите во Персискиот Залив

Германија го отфрли барањето на САД да учествува во обeзбедувањето бродови во Персискиот Залив, изјави вицеканцерот Олаф Шолц, истакнувајќи дека владата е едногласна во одбивањето да учествува во мисијата предводена од САД. Тој потенцира дека впечатокот е дека сите членови на владејачката „голема коалиција” имаат ист став во однос на тоа прашање.

– Нашиот став е познат. Ние сакаме да разговараме со нашите француски и британски партнери во Европа за тоа како можеме да ја контролираме ситуацијата, но не стана збор за мисија, како што се бара сега, објасни Шолц.

САД официјално побараа од Германија поддршка во вoeна коалиција за зaштита на бродовите на морскиот пат преку Персискиот Залив. Велика Британија претходно предложи европска мисија.

Дневниот весник „Зидојче цајтунг” објави дека министерот за надворешни работи Хајко Масс минатата среда, на вонредната седница на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот, јасно ставил до знаење дека владата има намера да го отфрли американскиот план.

Во моментов, Американците и Британците се подготвуваат за воспоставување на планираната мисија.