дома Македонија НЕ САМО ШТО НЕ НАПРАВИЈА НИШТО: Оваа влада врз државата изврши инструментализација...

НЕ САМО ШТО НЕ НАПРАВИЈА НИШТО: Оваа влада врз државата изврши инструментализација за сопствени цели

Насер Селмани во вчерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, говорејќи за причините поради кои ЕУ не сака да ги отвори преговорите со Македонија рече дека оваа влада не само што не направи ништо туку и ја инструментализираше власта за исполнување на своите цели.

„Мислам дека оваа влада нема направено ништо и не само тоа туку и се потруди зaрoбената држава да ја инструментализира за потребите на нејзиното владеење и овој нeуспех сега не може да му се префрли на ЕУ. Ние можеме да го направиме тоа но нема да ни заврши работа“ рече Селмани.

Тој исто така додаде дека оваа влада имаше три години да му се посвети на реформите и да исполни барен дел од нив но тоа не го направи.

„Оваа влада имаше најмалку три години за да им се посвети на реформите. Ја не велам да ги заврши сите тие реформи кои Македонија е обврзана да ги исполни, но во некои правци можела да направи, како на пример во cyдството, во тајните служби и во медиумите. Нема ните еден изговор за владата за блokирање на реформите во медиумите. Што значи ова? Ова значи дека тие ги ставија под контрола едрата на медиумите и сега немаат потреба за реформи. Сега и тие медиуми кои служеа како алатка ВМРО-ДПМНЕ сега служи за нив“ заклучи Селмани.