дома Актуелно НЕ СПРЕМААТ ЗА НЕШТО ГОЛЕМО: „Тројката“ која „поголемите од надвор“ ја спремале,...

НЕ СПРЕМААТ ЗА НЕШТО ГОЛЕМО: „Тројката“ која „поголемите од надвор“ ја спремале, е спремна!

„Перспективите во регионот се воспоставување на соработка со тројката која ќе има  големи  поддшки  во  иднина, а тоа сте вие, Харадинај и Бериша. Затоа ме подготвуваат и повисоките надвор од  Македонија. Ве молам да разговараме. Зоран Заев“- гласи СМС пораката на Зоран Заев до Мендух Тачи која тој ја презентираше пред јавноста


На вчерашните избори на Косово победник е Рамуш Харадинај и неговата таканаречена ,,Воена Коалиција’’. Да се потсетиме дека Харадинај само пред неколку месеци беше во притвор во Франција со можност да биде екстрадиран во Србија бидејќи беше обвинет за воени злосторства. Овие тврдења ги потврдува и поранешната обвинителка на судот во Хаг, Карла Дел Понте. Според Карла Дел Понте лидерите на ОВК меѓу кои се Рамуш Харадинај и Хашим Тачи за време на војната на Косово извршиле воени злосторства.


Карла Дел Понте во 2003 година го посетила северот на Албанија и куќата во која биле вадени органите на српските затвореници на ОВК. И покрај сите докази како крв и медицинска опрема според нејзиното признание таа воопшто не покренала обвинение. Таа за италијанската La Stampa признала дека обвиненијата за воени злосторства во модерниот свет се исклучително од политички карактер. Според неа ако овие обвиненија биле споменати претходно независноста на Косово не би била воопшто возможна.


Во Македонија се погазени сите демократски процеси и можноста на граѓаните на избори да одлучуваат за својата иднина. Новата квислиншка влада очигледно е донесена за да се овозможи единствено брз влез во НАТО алијансата преку промена на името.

Очигледно е дека Зоран Заев е во одлични односи со чинителот на воени злосторства Рамуш Харадинај и имаат заедничка политичка агенда, а уште поочигледна е агендата на оние „повисоките од надвор“ кои го спремале Заев, Харадинај и Бериша за конечно да завладеат со просторот на Балканот.

Според голем број на аналитичари и експерти, се работи за геополитичка стратегија на западните сили, кои под налетот на исклучително важните интерконтинентални економски проекти на економскиот гигант Кина и проектот „Еден појас, Еден пат“, но и Турскиот тек на Русија. Значењето на овие два проекти, за државите од Балканот и Југоисточна Европа се преведуваше во економски и енергетски независни држави, кои понатаму немаше да зависат од условувањето на т.н. западни пазари.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, иако стратешки определена кон НАТО и ЕУ, исто така работеше и на изнаоѓање на алтернативни извори за економска придобивка на Македонија, но и обезбедување на сигурен пласман за извозот на Македонски прозиводи, но и обезбедување на енергетска стабилност. Секако, ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски во неколку наврати потсетуваа дека НАТО и ЕУ остануваат стратешка определба но не по секоја цена, особено не по цена на промена на името и идентитетот на државата по грчки рецепт.

Оттука, и оваа компилација на геостратешка игранка, која според СМС пораките на Заев, со поставувањето на воениот злосторник Харадинај на чело на Косово и формирањето на квислиншка, аболицирано-криминална влада во Македонија е при самиот крај.