дома Актуелно Нивната состојба е kpитична: Нови детали за пациенти кои се спacија од...

Нивната состојба е kpитична: Нови детали за пациенти кои се спacија од пожарот во Тетово

Дванаесетте пациенти кои го преживеаја овој кобен настан се хоспитализирани, сите се во стабилна состојба, изјави докторката Миранда од Ковид центарот во Тетово за Сител.

Самата нивна состојба е критична, тие се зависни од кислородна поддршка и затоа направивме максимум за што е можно побрзо да ја добијат потребната терапија.

За среќа сите се во стабилна состојба без никакви компликации засега и се надеваме дека сите ќе ја поминат оваа борба“, кажа докторката.