April 25, 2024, 12:58 pm

Нигерија целосно го зaбpaни Твитер откако социјална мрежа блokирaше твит од претседателот Бухари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нигериската влада денес објави дека ги прекинала активностите на Твитер на нејзина територија, два дена откако таа социјална мрежа повлече еден твит од претседателот Мухамаду Бухари.

„Федералната влада ги суспендираше на неопределено време активностите на услугата за микроблогирање и социјалната мрежа Твитер во Нигерија“, објави Министерството за информации.

Попладнево мрежата сè уште работеше во Нигерија, објавија новинарите на агенцијата Франс прес.

Твитер вчера повлече пост од нигерискиот претседател Бухари затоа што ги крши нејзините правила. Потсетувајќи на граѓанската војна во Нигерија 1967-1970 година, во пораката се вели дека оние што денес се однесуваат лошо треба да бидат третирани со „јазик што го разбираат“, пренесува Бета.

Претседателот го сподели твитот по серијата напади врз државните служби, главно во југоисточна Нигерија, за што беа обвинети регионалните сецесионисти.

Новинар на Би-Би-Си од Нигерија изјави дека ова е прв пат твит на претседателот да биде избришана на Твитер.

Нигерискиот министер за информации Лаи Мохамед рече дека Твитер може да има свои правила, но дека тие не се универзални и дека ако претседателот е загрижен за некоја ситуација, тој треба да има слобода да изрази го изрази своето мислење.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This