Многумина не можат да го започнат денот без утринско кафе и цигари, не размислувајќи колку е опасно за нивното здравје.
Кога кафето се консумира на празен стомак го зголемува производството на желудечна киселина, и ако вашиот дигестивен тракт е чувствителен, тоа може да влијае на работата на желудникот и да го забрза отчукувањата на срцето.
Кафето на празен стомак може да ја зголеми анксиозноста, нервозата, да ја забрза срцевата работа, да предизвика иритација и пореметување на вниманието. Во утринските часови, тоа влијае на нашиот внатрешен часовник кој е одговорен за контрола на хормонот на кортизол, кој се лачи во стресни ситуации.