April 18, 2024, 12:47 pm

Никовски: Понудата на Заев за широка коалиција е мaнипyлантски, популустички и политикантски потег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Јас сум апсолутно за широка коалиција, но не на ваков начин. Понудата на Заев за широка коалиција е понижувачка за опозицијата, бидејќи вели “да” ама ние – власта ќе ви одбереме лидер. Вашиот лидер не доаѓа во предвид. Значи понижувачко, неприфатливо. Потегот е манипулантски, популустички, политикантски, еден првокласен пи-ар. Сите тие војници од власта ќе речат, еве ние ви нудиме широка влада вие не прифаќате. Понудата е нечесна и подла и таа не може да води никаде, бидејќи подадените услови не се добри, истакна поранешниот амбасадор и дипломат Ристо Никовски во вечерашното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија.

И на крајот на краиштата мора да се одреди целта, посочи Никовски.

-Дали е тоа борба против короната, дали е за ситуацијата со Бугарија, или ете не знам да се дадат напори да се влезе во Европската унија. Не можете така глобално да речете ајде ќе одиме, ќе правиме заедничка влада. Дури и самиот премиер се повлече од таа понуда, затоа што тоа беше една чиста калкулација и нема искреност во таа понуда. И сето тоа нема никаква корист за државата, истакна тој.

Според Никовски, таква широка влада може само после едни нови избори и однапред да се каже дека ќе се оди заедно за да се бориме за да ја издигнеме Македонија, бидејќи државата ни оди надоле овие три-четири години. Премиерот да биде избран од тоа ново парламентарно мнозинство или да биде над партиска личност, да се постават експерти и така натака, вели Никовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This