дома Социјални Мрежи НИКОГАШ ВО МАКЕДОНИЈА ГЕРМАНСКИ КАНЦЕЛАР НЕ СТАПНАЛ ЗА АРНО: Последен пат кога...

НИКОГАШ ВО МАКЕДОНИЈА ГЕРМАНСКИ КАНЦЕЛАР НЕ СТАПНАЛ ЗА АРНО: Последен пат кога ова се случи во Македонија се ,,растоварија” 150 илјади косовари

Кристијан Јандриоски иронично на својот ФБ ја искоментира посетата на Ангела Меркел на Р. Македонија, но кај нас ѓаволот одамна ја однесе шегата.

Дали посетата на германската канцеларка на државава значи населување на мигранти на македонска територија прашува Јандриоски? Тој вели дека никогаш во Македонија германски канцелар не стапнал за арно, а последен пат кога се случило ова во Македонија се ,,растовариле” 150 илјади косовари.

Да се потсетиме дека пред речиси година ипол германската канцеларка ги пофали напорите на Србија, Македонија но и Хрватска за згрижување и пропуштање на мигрантите од воените подрачја.

Но и дека истакна дека мигрантите кои сакаат да останат во Европа, а не сакаат тоа да биде Германија или некоја слична држава, да се населат во Србија и Македонија , како и напуштените  делови на Украина. А Хрватска како земја членка на ЕУ тоа сигурно ќе го одбие.