дома Uncategorized Никогаш доста: Лила повторно ги освои погледите на свадба

Никогаш доста: Лила повторно ги освои погледите на свадба

Знаеме дека оваа сезона од годината е богата со многу веселби и свадби, оваа година особено одлично се погодија и временските услови и продолженото лето, па младоженците и гостите се покажаа во вистинско светло и раскош.

Нашата најпозната водителка Лила Филиповска, секогаш е средена од глава до пети и подготвена за добра забава, па затоа ниту свадбените веселби не се исклучок. Иако и за неа крижеа приказни по медиумите дека ќе стапне на лудиот камен повторно, за сега нема ништо од тоа, но тоа не ја спречи да ужива во многуте свадбени веселби на своите пријатели.
Лила доста турбо си ја помина свадбената сезона од 2018 година, а се знае, каде и да оди таа, погледите ги насочува на себе… секако има и што да се види. Едноставно, секогаш го дава најдоброто од себе и изгледа навистина светски. Не е ни чудо зошто таа е најуспешен инфлуенсер во нашата земја.

Се разбира покрај младите, и таа мора да биде во центарот на вниманието – бидејќи едноставно е Лила.

Овој пат избра да облече црн впечатлив комбинезон од кој го истакна деколтето и витките нозе.