дома Политика НИКОГО НЕМА ДА ИСПЛАШИТЕ, А ЌЕ ОДГОВАРАТЕ: Никого нема да замолкнете, одговорност...

НИКОГО НЕМА ДА ИСПЛАШИТЕ, А ЌЕ ОДГОВАРАТЕ: Никого нема да замолкнете, одговорност за починатите бебиња ќе има!

Залудно два дена Таравари и Јовановска се трудеа да го сокријат скандалот со четирите починати бебиња на Гинекологија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Залудно давате наредби на обезбедувањето и залудно забранувате да се отвора прашањето за одговорност за оваа трагедија! Одговорност мора да има и ќе има! Никого нема да замолкнете! На сите им е јасно дека сакате да ја вратите Македонија во 1949 година. ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува обидот на СДС на сила да ја затвори дебатата за одговорноста за хаосот на гинекологија, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваме, денес пред ГАК од страна на обезбедувањето беше избркана Марија Андоновска која сакаше да одржи прес-конференција и да повика на одговорност за починатите бебиња.