дома Социјални Мрежи НИКОЛА ГРУЕВСКИ, ТИ ШТО НЕ СИ ДАВАЛ ДА ЗБОРУВАМЕ АЛБАНСКИ: Песна за...

НИКОЛА ГРУЕВСКИ, ТИ ШТО НЕ СИ ДАВАЛ ДА ЗБОРУВАМЕ АЛБАНСКИ: Песна за Талат Џафери се појави на социјалните мрежи во изведаба на Линда Морина

На социјалните мрежи „се врти“ видео снимка на извесна Линда Морина која во песна, онака во епски стил, ја опева „блиската средба“ на Никола Груевски и Талат Џафери на 14 март кога беше усвоен законот за употреба на јазиците – пренесе Експрес.мк

Насловот на песната е „Талат Џафери – жива легенда“, веројатно поради неговото јуначко држење во парламентот.

Од она што успеавме да разбереме е дека на едно место Морина пее: „ Никола Груевски, ти што не си давал да зборуваме албански“.