дома Политика НИКОЛА ДИМИТРОВ ОД ГОРНО ДУПЕНИ: Кога многу „фиљан“ ќе ти ги помеша...

НИКОЛА ДИМИТРОВ ОД ГОРНО ДУПЕНИ: Кога многу „фиљан“ ќе ти ги помеша лончињата, па од бугарска Дупница ќе забегаш во Дупени!

,,Погрешно Време’’ гласи насловот на серијалот во продукција на МРТ во која главната улога ја играше Љупчо Ангелов кој го толкуваше легендарниот лик на Бате Живе од Долно Дупени. Очигледно е дека новиот министер за Надворешни Работи на времето го гледал серијалот и го идеализирал родното место на Бате Живе. Па по се изгледа дека неговата Визија за Живот во ,,Македонија’’ на крајот ја гледа во тоа цела Македонија да се пресели во едно мало село на границата со Грција Долно Дупени.


Никола Димитров, заводникот на холандски амбасадорки, бугарофилскиот Дон Жуан е „голем“ човек, а токму таков човек е подобен да стане кум на цела една држава. Проблемот е во тоа што, Дон Жуанот од Дупница заборавил дека оваа држава веќе има свое име Македонија. Но за него тоа не претставува проблем, бидејќи секојдневно со неговиот растафари колега инхалира „лековити“ билки па најверојатно и заборавил дека ние веќе повеќе од 2500 години имаме свое име. Не му се лутете и на Алаѓозовски што не знае каде е роден Чернодрински таков е зелениот „фиљан“ – опушта, ама и го суши мозочното ткиво па предизвикува темпорална амнезија.
Животот е таков, некаде добиваш некаде губиш. Фино си предложи Тричковски во својата колумна: ,,Ајде да го продадеме името’’. Како на кванташки. Неговата рационализација е генијална –  тој не слушнал во модерната македонска музика ништо освен стенкање и завивање во несреќа од љубов. Според него главен причинител за сево ова е сиромаштијата на македонскиот народ. Логичен заклучок на тоа е да го продадеме највередното нешто што го имаме, а тоа е нашето име. Штета барем нафта да имавме. Всушност подобро што немаме, досега веќе ќе ни донесоа летечка ,, Демократија’’.
Во оригиналниот текст на Financial Times и порталот Плус Инфо насловот гласи ,,Македонија ќе ја разледа можноста за промена на името за да влезе во НАТО‘’. Во оригиналниот текст се споменува името Горна Македонија. Текстот потоа беше обновен и насловот сега гласи ,, ОБНОВЕНО Македонија ќе ја разгледа можноста за влез во НАТО под ФИРОМ’’. Еве ние би предложиле нов наслов за Плусинфо и Фајненшл Тајмс –  ,,ОБНОВЕНО’’ име Горно Дупени“. И така мислам дека идентитетски повеќе ќе ни одговара бидејќи почувајќи од меѓународна до Financial Times нема кој веќе не нѐ поминал.  Плусинфо(то) ќе му се допадне и на министерот за надворешни бидејќи ќе го потсеќа на убаво поминатите мигови со холандската амбасадорка.
Сето ова би било одлично кога не би било во ,,Погрешно Време’’ . Македонскиот народ со високи 90 проценти не се согласува со промена на името на државата. Среќа имаме сеуште многу херои кои се способни да го поразат магичниот змеј на кој јава новата Влада. Можеби кога ќе го победиме змејот и Димитров ќе се сети дека нашата држава има свое име и Алаѓозовски ќе научи дека Чернодрински е роден во Струга. Единствено ни останува да се надеваме дека проблемот на новата Влада е инхалацијата на опојни дроги која доведува до неспретни потези, а не на недостатокот на образование.