Николовски од Крива Паланка: Мојот народ го заслужува најдоброто и ќе го добие најдоброто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Мојот народ го заслужува најдоброто и ќе го добие најдоброто, СДСМ ја има најдобрата понуда за Крива Паланка и за сите општини! Со нас, со СДСМ, на чисто сте, знаете што носиме“, порача од денешната трибина во Крива Паланка, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Николовски посочи дека грешките што се таложеа со децении се исправени, општините во изминатите четири години во соработка со централната власт спроведоа развојни проекти за подобар живот во секоја општина.

„Сетете се на се што зборувавме пред парламентарните избори. Сетете се дека се остварија сите планови. Полека, но сигурно, поправаме грешки кои се таложеле со децении и децении. Станавме најтранспарентна власт во целиот регион и тоа повеќе години по ред.

Трансформација за само неколку години, од заробена држава во демократија со слобода и прогласен за најбезбедна и влада најтранспарентна, членка на НАТО и пред ЕУ. горд сум што сум генерација на политичари што не калкулираат и носеа одлуки за граѓаните“, рече Николовски.

„Просечната плата во државата не застанува да расте, невработеноста се повеќе и повеќе се намалува. Ова се макро показатели кои се многу важни, зошто ја даваат сликата за она каде одиме, а сликата е охрабрувачка, мотивирачка“, додаде Николовски.

Како дел од следните капитални проекти содржани во програмата на кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски, ја најави изградбата на туристичко рекреативниот центар „Калин Камен“, регулирање на Дурачка река со пристапен пат, изградба на катна гаража, отворање на младински центар, инвестиции во образованието, помош за пензионерите и друго.

Како дел од новите планирани инвестиции за овој регион Николовски ја најави изградбата на ветерен парк на потегот Старо Нагоричане-Ранковце-Крива Паланка.

„За политичките опоненти нема ни да трошам зборови. Премногу е јасна разликата. Од заробена држава, сега им остана само заробена партија. Жални, но реални се проблемите кои ги имаат со неспособноста и немањето желба за реформирање и демократизација без која нема одење напред“, рече Николовски.

„Ве повикувам да излезете масовно на 17 октомври да го заокружите бројот 12 и да покажете со вашиот глас дека сме за најдоброто! Колку поголема разлика толку посилна порака, толку поголема одговорност“, порача Николовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This