дома Политика Николовски очекува да го фалат телевизиите затоа што Владата им дава помош

Николовски очекува да го фалат телевизиите затоа што Владата им дава помош

На прашањето дека според извештајот на Транспаренси Интернешнл Македонија се наоѓа на 111 место односно тоа се 5 места подолу од минатата година и дека според вкупниот резултат на поените тоа е стагнација, Љупчо Николовски во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма му забележа на новинарот дека греши и дека оваа констатација не му е точна.

-Воопшто не ви е точна констатацијата дека има стагнација во државата и нема да се согласам дека има некакво алиби. Јас очекувам максимална поддршка, пред се од најодговорните националните телевизии кои добиваат финансиска поддршка, рече Николовски во своето гостување