April 24, 2024, 10:20 pm

Николовски: Се грижиме еднакво за секој граѓанин и за секоја општина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, при денешната посета на Крива Паланка, изјави дека имаат јасна цел, а тоа е рамномерен регионален развој и подигнување на животниот стандард. Николоски вели дека тоа го постигнувале со секој проект, не само од областа на патната инфраструктура, туку и преку други инфраструктурни проекти кои резултираат со поквалитетно образование, современа комунална инфраструктура, поквалитетни здравствени услуги, културен и социјален живот.

Николовски заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, го означи почетокот на изградбата на улицата „Вршачка”, еден од проектите од ТАВ програмата за поддршка на општините.

Како што изјавија Николовски и Мицевски, вредноста на инвестицијата е близу 150 илјади евра со ДДВ, а комплетно новата улица ќе биде пуштена во употреба за еден месец.

Градоначалникот Мицевски изјави дека Општина Крива Паланка изминатите неколку години во континуитет работи на подобрување на локалната патна, канализациска, водоводна и останата инфраструктура, а градежната офанзива која трае со несмалено темпо продолжува и во следниот период.

Изградбата на нови улици, патни правци, спортски терени, водоводи, канализациони системи, регулации, тротоари, нови објекти, градски парк и плоштад се само дел од нашето секојдневие. Денеска сме тука во населба Долно Грамаѓе неполн месец по претходната посета кога го означивме отпочнувањето на изградбата на локалниот патен правец од А2 кон новите градски гробишта, за да го официјализираме почетокот на уште еден проект кој е од огромно значење за жителите на овој регион – изјави Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This