Николов: Власта за провизија се обиде да го изигра и официјален Пекинг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е земја со незначителна бројка на вакцини и тоа е така затоа што владата се потпре на само еден механизам, односно на ковакс механизмот. И во меѓувревме држави добиваат оттаму вакцини, ама не и Македонија. Целосно погрешен пристап во набавка на вакцини. Пристап воден од тоа ако има провизии, има вакцини, рече доктор Игор Николов на гостувањето на Поглед.мк.

„Немањето вакцини е резултат на политиката прво провизии, па се останато. И затоа нема вакцини. Тие прво обезбедуваат фирма или било каков економски оператор преку кој ќе се дојде до провизии, а потоа мислат дали ќе се дојде до вакцини. Движечка сила не им е здравјето, туку провизиите“, вели Николов.

Доктор Николов посочи дека по последниот случај во кој се виде дека сакале преку фирма од Хонг Конг да го изиграат официјален Пекинг покажува колку се несеризиони, корумпирани.

„Ни се случи посредничка компанија од Хонг Конг да биде одбиена да преговара во име на Македонија за вакцини. Ова е потврда на тоа дека владата води погрешни политики“, кажа Николов.

Доктор Николов се осврна и на несоодветните и ненавремени мерки кои ги презема Владата и на нефункционирањето на Комисијата за заразни болести

„Мерки за заштита на јавно здравје не се носат врз основа на епидемиолошки индикатори. Повторно имаме експлозија на заболени од корона, расте број на лица со тешка слика и сето тоа е резултат на несоодветни и меркии. Комисијата пак се фокусира и носи популистички мерки само кои и одговараат на Владата“, заклучи Николов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This