дома Социјални Мрежи Николов: Да се објави записникот од состанокот на Комисијата за заразни болести,...

Николов: Да се објави записникот од состанокот на Комисијата за заразни болести, каде што членовите се изјасниле дека е безбедно да се одржат избори

Д-р Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук реагираше на на одлуката на Комисијата за заразни болести според која е безбедно да се одржи гласањето во Штип, и покрај алармантната ситуација во градот со бројот на заразени и починати.

Да се објави записникот од состанокот на Комисијата за заразни болести, каде што членовите се изјасниле дека е безбедно да се одржат избори.!!!, побара д-р Игор Николов.

Во спротивно, целата одговорност за последиците по јавното здравје во Штип, ќе падне на експертот “епидемиолог” Зоран З., посочи тој.

Време е за уште едно вето за шарлатанот З.З. Овој пат Штипско вето.!!!

Запишани гласачи во Штип според ДИК 39.605, а за изборите да бидат успешни во првиот круг треба да гласаат 13,188 избирачи, а еден од кандидатите да освои 50% плус еден глас од излезните.