April 20, 2024, 10:37 am

Николоски: Власта да ја согледа реалноста и да не крева лaжна надеж за датум во октомври, уште неколку земји членки бараат бo[ба со kopyпција, владеење на право и бeзбeдносни реформи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Тема на денот“ за дневникот на Сител вели дека ниту октомври не е опција за датум и да не се создава лажна надеж и време е власта да ја согледа реалноста дека покрај Бугарија има и земји кои имаат скептицизам во однос на нови членки.

– Не мислам дека октомври е опција и не мислам дека воопшто треба да се создава лажна надеж кај граѓаните. Затоа што и досега многу пати беше создавана лажна надеж, јас континуирано од 2018 досега говорам дека нема да има датум за почеток на преговори. Но, власта ги игнорираше сите информации, вели Николоски.

Николоски појасни дека во различни периоди од различни причини Македонија не добиваше датум, како што беше влегувањето во иста група со Албанија, неспроведувањето на реформи, неспроведувањето на препораките на ЕУ, случајот „Рекет“, француската нова методологија, па бугарската блокада.

– Јас 4 години предупредувам дека нема да има датум, но никој од власта не најде доблест та ме повика да видат како ги имам информациите и како може да помогнеме. Јавно кажувам октомври да не се става на маса, првата следна опција е декември но јас сум песимист и за тогаш затоа што Бугарија ќе има претседателски избори каде Радев ќе трча за втор мандат. Она што мислам дека треба да се прави и да се согледа реалноста. Точно е дека Бугарија стави вето, но точно дека уште неколку земји членки не се за, но не се ни против. Мене дел од тие земји членки ми го кажуваат тоа. Во вторникот бев во Луксембург се сретнав со министри за надворешни работи и комесарот за проширување, истакна Николоски.

Тој вели дека одлуката за проширување не е единствената која ЕУ ја носи со консензус, и ако Македонија ги исполни условите кои им се важи на другите земји ќе ја принудат Бугарија да и дозволи датум на Македонија.

– Постојат уште десетици такви одлуки и дел од нив важни за Бугарија како што е финансиската помош, доколку сите останати се убедени дека Македонија заслужува преговори ќе стават вето на Бугарија и ќе ја примораат а не става вето на Македонија, но тоа не се случи. Постојат три причини зошто има скептицизам, прво е корупцијата, немање на функционален систем на владеење на правото и во делот на безбедносни реформи и имплементација, нагласи Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This